Позицијата на Италија е многу јасна и транспарентна. Ние се надеваме дека Северна Македонија ќе ги отвори преговорите со ЕУ многу брзо. Се надеваме дека тоа ќе биде на следниот Совет на ЕУ во март, вели италијанскиот амбасадор во земјава Карло Ромео во интервју за Радио Слободна Европа.
– На самитот во Загреб, ЕУ-Западен Балкан, нема да има одлука за отворање преговори, тој самит нема да биде за тоа. Нашата надеж е преговорите да се отворат што поскоро, првата можност за тоа ќе биде Советот во март. Северна Македонија ги исполни сите критериуми за да ги отвори преговорите, заедно со Албанија. Тоа е одлука која ние ја заземавме уште во 2018 година, потоа лани во јуни и на за жал разочарувачкиот самит во октомври минатата година. Значи, земјата е подготвена да почне преговори, дециден е италијанскиот амбасадор
Comments are closed for this post.