Припадници на полицискста единица „алфи“ насилно влегле во станот на поранешниот премиер, Никола Груевски, во обид да го притворат, но внатре не нашле никој. Полицијата дојде пред домот на Груевски откако тој не се јави во затворот во Шутка на отслужување на двегодишната казна затвор на која е осуден за случајот „Тенк”.
Бидејќи Груевски беше недостапен за судските власти, по налог на кривичниот суд, МВР издаде потерница по поранешниот премиер, кој требаше во петокот да се јави на издржување на затворската казна за случајот „Тенк“ на СЈО, односно набавката на луксузниот „мерцедес“.
Фотографијата на поранешниот премиер Никола Груевски е објавена на интернет страницата на Министерството за внатрешни работи, во секцијата каде што се објавуваат сите лица по кои е распишана потерница.
На потерницата пишува дека Груевски се бара за пронаоѓање и приведување заради извршување на казната затвор во траење од две години за сторено кривично дело – примање награда за противзаконито влијание од чл. 359 ст.2 од КЗ.
Comments are closed for this post.