Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бараат јавен обвинител на предлог на опозицијата. Велат дека ваков предлог поднеле во јули 2017та година. И ваков предлог пред парламентарните избори имаше и сегашната власт.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ најостро го осудува монтираниот политички процес во кој се кршат закони, покренуваат истраги, одземаат имунитети на пратеници. Брутално се гази демократијата, се кршат процедурите. Имаме беззаконие под плаштот и маската на наводно законие. Вистински деспотизам. За само неколку месеци во ова Собрание се спроведуваат 7 постапки за одземање на имунитет на пратеници и уште едно кое е во најава. Сите пратеници доаѓаат од опозицијата. Ова не може да се сфати никако поинаку освен за политичка пресметка со опозицијата“, рече на денешната прес-конференција воСобранието, координаторот Никола Мицевски.

Според него се обвинуваат пратеници за измислени дела, за тешко дело тероризам кое во реалноста не постои.

И ова се прави во пресрет на претседателски избори и тука е јасна намерата. Не е тука желбата да се стигне до правдата тука е желбата да се пресмета со опозицијата, затоа што знаат дека губат, драстично ја губат поддршката од народот и на овој начин ги прикриваат сите криминални и коруптивни афери. Ова е паничен потег, чекор на страв од пораз“, рече Мицевски.

Тој потенцираше дека правото и правната држава се гази и обликува според оние кои раководат со власта.

Неправдата не смее да остане неказнета, а криминалните афери се редат. Ако сакаат правна држава и владеење на правото, еве пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ бара Државен јавен обвинител на предлог на опозицијата, што и беше ветување на самата власт. Во една ваква недемократска атмосфера која директно го руши и предизборниот амбиент, пратеничката група нема да ги поддржи системски процеси и закони и додека власта не се согласи на јавен обвинител на предлог на опозицијата за испитување на сите криминални и корупциски афери“, додаде Мицевски.

Мицевски најави и дека го замрзнуваат учеството во процесот на Жан Моне, не затоа што не се согласуваат со целите на како што рече нашите меѓународни партии, туку затоа што власта создава ненормални околности за работа.

Денешното образложение за приведувањето на Велјановски, Јанакиески и Ристоски е бедно и недостојно за која било држава во која што би требало да владее правото и правдата. Без ниту еден аргумент да се притворат лица со образложение дека доказите не смееле да се кажат заради истрагата е срамно. Во оваа држава веќе никој не верува во институциите под команда на Зоран Заев. Јасно е дека тројцата се жртви на безочната желба за политичка одмазда која е производ на паниката на власта“, потенцираше Мицевски.