Благ пипер 40 – 50 денари, лут 30 – 40 денари, краставици 25 – 30 денари, домати 35 – 50 денари, корнишони 25 -30 денари, зелка 10 денари, компир 25 – 30 денари. Ова се цените на некои од земјоделските производи на кванташкиот пазар во Струмица. Доколку се споредат со оние на зелениот пазар во Ѓорче Перов во Скопје, може да се забележи какво е нивното движење од примарните производители до крајните потрошувачи.
Според емисијата „Класје“ на ТВ Алфа, на кванташкиот пазар во Струмица кромидот е 25 денари, модриот патлиџан осум денари парче, морковот 30 денари, лукот 200 – 250 денари, сливи 40 денари, јаболка 40 – 45 денари, а грозјето 40 денари.
Цените, пак, на пазарот во Ѓорче Петров се: благ пипер 60 денари, лут пипер 100 денари, краставици и корнишони 60 денари, зелка 20 денари, компир и кромид 40 денари, модар патлиџан 20 денари парче, домати 60 – 80 денари, модра слива 70 денари, грозје и јаболка 80 денари. Ајварката од прва класа е 80 денари.
-Кај прекупците надвор од пазарот ајвараката е 55 – 60 денари пакет во кој има најмалку пипер од прва класа, повеќето е втора и дел трета класа. Тоа значи дека средната цена на пиперот трговецот го чини околу 30 денари со пресметан превоз или со 55 – 60 денари неговата зарботка е 80 до 100 проценти, се наведува во емисијата „Класје“
Comments are closed for this post.