Ниту обвинетите, ниту нивните бранители не биле известени за притворот на Миле Јанакиевски и Кирил Божиновски, изјави адвокатот Еленко Миланов.
Тој појаснува дека треба да го види решението за определувањето на мерката притвор затоа што досега, како што истакна, Јанакиески не бил под никакви истражни мерки за тие да бидат заменети со притвор.
Истовремено, поранешниот министер за транспорт и врски, со своето постојано и редовно присуство на судските рочишта, на ниту еден начин не покажал дека има каква и да е намера или желба за бегство.
Comments are closed for this post.