Доколку Република Македонија не добие препорака од ЕУ, што е многу веројатно, тоа ќе биде по вина само и само на Зоран Заев и неговиот картел. Препораката виси заради тендерите, непотизмот, антиреформите, Кацарска судството, политичкиот прогон, а не заради администрацијата како што обвинува Дамјан Манчевски, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.
Стоилковски им посочи на граѓаните со здравје да си ги трошат 500 евра просечна плата, најголемата црна лага на оваа власт! И притоа, виновни сте за оваа црна власт!
Дамјан Манчевски министерот за партизација на администрацијата, кој откако Заев ја натрупа администрацијата со се’ непотребно и некадарно партиско внатре, сега се заканува, и признава, дека нема 500 евра плата! Нема 500 евра плата освен ако не сте од оние напикани во М-НАВ или другите партиски агенции. Нема 500 евра плата и виновни сте за Кацарска судството, за партизацијата, за црното здравство, за се’, за немањето еден реформски зафат на оваа криминогена црна власт! Манчевски со сета памет и убавина порача дека ако нема ЕУ преговори нема ниту плата! Аирлија! Значи плата нема да се даде заради синови, ќерки, мајки, сестри, внуци, зетовци, како роднини на Костадинов, Кирацовски, Николовски, партиски професори, градоначалници, локални сдсм-ски моќници. Манчевски со сета памет вчера порача – вие сте виновни што оваа влада е нереформска! Манчевски, благодарам на признанието, ама доцна е за тоа., вели партискиот портпарол.
Тој прашува какво ЕУ, каква црна плата, какви лаги уште терате?
И сметате дека некој уште ви верува? Секому му е јасно дека нема ЕУ со вакво црно Кацарска судство, нема ЕУ со аболициран премиер и криминогени вице-тендер-премиери, со вакво црно тендер здравство, образование, локална власт, култура… Просто е, нема ЕУ со криминогени ликови во власта! И тоа е реалноста. Не сте кадарни ниту едно ветување да исполните, освен радиодифузната-такса! Вие сте донесени само за едно, вие сте власт само за една црна намена! Повеќе и не се очекува, ниту пак можете! Падот ви е започнат е тресокот ќе биде многу гласен и многу болен! Доколку Македонија е добие препорака Заев и неговата криминогена банда мора итно да поднесат оставки, а не да ја казнуваат администрацијата, нагласи Стоилковски.
Comments are closed for this post.