Aкo e нешто заедничко, тогаш не припаѓа само на едниот од двајцата, реагира академик Катица Ќулакова по најновите изјави на дел од бугарските политичари кои велат дека „Македонија е бугарска“, реагира академик Катица Ќулавкова која вели дека таквото присвојување е извор на негација на инхерентните и суверени права на другиот, другото лице на хегемонизмот и шовинизмот.
Академик Катица Ќулавкова, очекува македонската држава но и меѓународната заедница да го осудат слоганот “Македонија е бугарска” прогласен за официјална стратешка цел на Бугарија, што претставува и закана по мирот.
„Aкo e нешто заедничко, тогаш не припаѓа само на едниот од двајцата. Таквото присвојување е извор на негација на инхерентните и суверени права на Другиот, другото лице на хегемонизмот и шовинизмот. Таквата историска свест е заслепена, пристрасна, примитивна, фрустрирана, конфликтна и опасна.
Слоганот “Македонија е бугарска” прогласен за официјална стратешка цел на Бугарија е закана по мирот. Македонската држава и меѓународната заедница, посебно ЕУ, треба да го осудат овој освојувачки политички дискурс без одлагање.
Сенките на Злото се надвиснале над Македонија, а таа молчи и трпи во име на апстракции, лажни ветувања и заблуди. Време на големи манипулации, време на нови трагедии.
Споделените места на меморија се духовно и културно наследство на народите, а некои од нив и на човештвото. Ним им се туѓи сите ексклузивни толкувања и присвојувања. Не можете безграничното да го стрпате зад решетките на заробениот ум“, пишува академик Ќулавкова на Фејсбук.
Comments are closed for this post.