Само кога ќе помислам каква ценета култура бевме и во што ни ја претворија, не можам да се помирам! Ни да им простам на рушителите! Никогаш, пишува во реакција на обраќањето на Папата Франциск, академик Катица Ќулафкова која апелира граѓаните да ја видат и чујат и пораката до Бугарија.
Порано папите слично се обраќаа на двете земји, сега Македонија е исклучена од старата словенска и античка цивилизација. Папата Франциск воопшто не споменува дека светите Кирил и Методиј се дел од македонското наследство.
Според Ќулафкова сега за Ватикан сме “Никој и ништо”.
Во посланието до земјава Папата ниту еднаш не употребува Македонци или Македонски, што се случува за прв пат во историјата.
Според Ќулафкова, само една бегла споредба меѓу пораката на папата Франциск до нашата земја и пораките од блиското минато на претходните папи е доволна за да се види бруталната деградација на македонскиот народ и неговата културна историја и држава.
Порано се обраќаше папата до Македонија како лулка на словенската писменост. Сега сме новокомпониран и безличен склоп од култури кој треба да се отвори, братски, кон нов прилив на разлики, мигрантски и други, вели Ќулафкова.
Comments are closed for this post.