Сите политички партии се согласија со тоа дека единстената наша алтернатива е ЕУ и да не биде загрозен нашиот евроатлантски пат. Заеднички интерес е најпрво да се ратификува протоколот за наше членство во НАТО од сите земји членки и од нашето Собраните и да се усвои законот за одбрана, изјави по лидерската средба Али Ахмети, лидерот на ДУИ.
„Заеднички е одлучено предвремените парламентарни избори да се одржат на 12 април наредната година. Битно е изборите да бидат фер и демократски. Значајно е да се почитува датумот за изборите и потоа да се види кога ќе биде можно да се спроведе и попис”, изјави Ахмети.
Comments are closed for this post.