Лидерот на ДУИ, Али Ахмети вечерва не се појави во Изборниот штаб на Стево Пендаровски. Но ги испрати Невзат Бејта и Арбр Адеми како претставници на ДУИ.
Лидерот на СДСМ рече дека разговарале телефонски со Ахмети.
„Ахмети се јави кај мене и честиташе, радосен е на оваа победа. Овде е шефот на штабот на ДУИ, раководството на ДУИ, како и раководството на сите партии кои застанаа зад Пендаровски“, рече Заев.
И Пендаровски рече дека лично се слушнал со Ахмети кој му ја честитал победата.
Comments are closed for this post.