Ниту една квалификација која го оправдува членството во одборот на директори на Македонски Телеком не може да се најде во ЦВ или биографијата на Шкодране Дардишта, екс членот на УЧК која вчера се закани со нова војна и ги запали социјалните мрежи, пренесува Експрес.
Во нејзината биографија објавена од страна на Македонски Телеком стојат повеќе нецелосни и несоодветни податоци за нејзината кариера но нема ниту една конекција која може да биде оправдување за нејзиното членство во одборот на директори во Телекомот.
Во биографијата пишува дека е магистрант а во исто време пишува и дека веќе докторирала и тоа во Белград.
Според македонските закони не е можно да сте се уште магистрант а да сте докторирале.
Во документот кој е јавно објавен таа не кажува каде магистрира и каде точно докторирала.
Меѓу другите квалификации Дардишта во својата биографија напишала дека е носител на црн појас во карате што е голем срам и за неа но и за Македонски телеком кој секој месец и дава огромен надоместок за членството во одборот на директори.
Документот на Телеком во кој може да се најде биографијата на Дардишта на овој линк.
Директорката во Клиничкиот центар во Скопје и актуелен член на Управниот одбор на Македонски телеком, Шкодране Дардишта, која е кадар на ДУИ, на својот фејсбук-профил, очигледно незадоволна од развојот на настаните на политичката сцена во Македонија отворено се закани со војна.
Сѐ уште ги имаме чизмите на таван во старата куќа, за час ги вадиме белите патики. Ние не сме сираци, ние сме никнале по војна. Не играјте со оган, затоа што на крај сами ќе изгорите во него – порача Дардишта.
Comments are closed for this post.