Судот за човекови права во Стразбур денеска донесе пресуда дека Спиро Ристовски и Митко Пешов неосновано долго и недоволно аргументирано биле држени во притвор.Ристовски помина 21 месец во притвор за случајот „27 април“. Стразбур пресуди дека домашните судови се повикувале на политички причии што не е според начелата на Судот во Стразбур.
Коста Богданов, адвокатот на Ристовски вели дека е повредено правото на слобода за притворот чии причини за продолжување не биле релевантни.
Ристовски немал фер постапка и не била запазена контрадикторноста бидејќи не му било овозможено да се произнесе за предлозите на Вишото јавно обвинителство за продложување на притворот, односно предлогот зошто треба да се одбие жалбената постапка не бил доставуван до обвинетиот.Од материјален аспект не се доволни причините да го оправдаат долгото држење во притвор-објаснува Богданов за „Pressing TV.“
Стразбур пресуди дека државата ќе мора на Ристовски да му плати оштета од 750 евра и 1500 евра судски трошоци а со оваа пресуда според македонското законодавство не е доволна да се бара ретроактивна финансиска надокнда од државата за држење во притвор.
Ристовски беше обвинет за случајот организатори на „27 април“ а овој случај е вратен на повторно судење.
Comments are closed for this post.