Укинување на мерката притвор за поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева ќе побара днеска нејзината адвокатка Ирена Фрчковска.

 

Фрчковска во изјава за МИА рече дека барањето ќе го достави до Судот во текот на денов. Таа ќе побара Јанева да се брани од слобода со депонирање на соодветна гаранција во недвижен имот.