Адвокатите во предметот на СЈО, ТНТ до Собранието и до Советот на јавни обвинители како и до судот доставиле барање за да биде изземена Катица Јанева како специјален јавен обвинител.

Доставивме барање до Советот на јавни обвинители и до Собранието како надлежни институции за нејзино изземање, затоа што никој не е над законот, рече адвокатот на Миле Јанакиески, Еленко Миланов.

Тој рече дека ако Јавното обвинителство не е надлежно за ова прашање, има институции кои се надлежни.

Судијата Огнен Ставрев рече дека за тоа веќе донел одлука по дописот од републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески и дека прашањето е апсолвирано и нема да одлучува повторно.

Обвинетите во предметот ТНТ, според СЈО, во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски.