Зоран Заев и неговиот картел спроведува антиреформи и партизација во јавната администрација. Партизацијата на администрацијата ја командува самиот Зоран Заев преку формираниот Совет за реформа на јавната администрација. Ниту диплома ниту работно искуство, единствено што е потребно е стаж во партијата и партиски активности, за да Заев, Тевдовски, Манчевски и Спасе Глигоров можат да креираат мрежа на партиски војници во јавната администрација, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Само во оваа 2018 година вработени се преку 200 партиски активисти на СДСМ во државната администрација. Повеќето од нив се на високи позиции, а таа висината на позицијата зависи исклучиво од стажот и активностите во самата партија СДСМ, рече портпаролот на партијата Наум Стоилковски.

Тој тврди дека секојдневно до ВМРО-ДПМНЕ стигнуваат информации за нови злоупотреби на огласите и полнењето на новоотворените работни места, а  нововработените наводно сееле страв и политичка пропаганда за партиски цели.