Министерот за култура Асаф Адеми престојува во работна посета на Берлин, Сојузна Република Германија, каде што во рамките на 69-тото издание на меѓународниот Берлински филмски фестивал ќе присуствува на светската премиера на новиот македонски филм „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска, соопштија од Министерството за култура.
Во рамките на посетата, министерот Адеми ќе оствари работни средби со претседателот и со извршниот директор на „Еуримаж“, Катерине Траутман и Роберто Ола, со Матис Воутер Нол, директор на Европскиот филмски маркет кој е еден од трите најголеми филмски маркети во светот, како и со Лусиа Рикалде, раководител на секторот Креативна Европа – Медија на Европската комисија при Генералниот директорат на Комуникациски мрежи, содржина и технологија. Министерот за култура Адеми, за можностите за промоција на македонската филмска уметност ќе разговара и со Херолд Е. Третенбреин, раководител на секторот Креативна Европа – Медија во ЕАЦЕА – Извршна агенција за образование, аудиовизуелни уметности и култура на Европската Унија.
Инаку, годинава филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ е избран во официјална конкуренција на годинашното „Берлинале“, со што по пауза од 25 години, македонски филм повторно ќе биде во главна селекција на филмски фестивал од А-категорија. Премиерата на филмот е закажана за утре 10 февруари. Вечерва пак во организација на Агенцијата за филм ќе се одржи Македонски ден на кој ќе присуствува и министерот за култура Адеми.
На филмскиот фестивал „Берлинале“ Република Македонија учествува и во други две програми. Имено, актерот Благој Веселинов е избран во програмата „Филмски ѕвезди“ (Shooting Stars), а актерката Сара Климоска е дел од „Берлин таленти“, велат оттаму.
Многу прашина се крена околу Министерството за култура и доделувањето на финансии за одредени културни настани и концерти низ Македонија. Познати фестивали не добија пари од министерството, што го навлече гневот на граѓаните низ Македонија.
Министерот за култура, Асаф Адеми, истакна дека во ниту еден момент не вршел притисок за избор на некој проект. Во писмената изјава испратена до медиумите тој подвлече дека со големо внимание ги следи критиките, предлозите и пофалбите.
Comments are closed for this post.