Аца Лукас за време на празниците се присети на тешките моменти во неговиот живот.Тој во 2003 година, во акцијата „Сабја“ по убиството на премиерот Зоран Ѓинѓиќ неколку месеци помина во затвор.Него го обвнуваа дека е член на Земунскиот клан и оти работел за нив, разнесувал дрога и пари како и тоа дека им обезбедувал станови во кои криминалците се криеле.

Лукас вели дека дека најпрво бил во ќелија со четворица за потоа да го сместат во т.н ВИП дел.

Ме прашаа дали ќе се жала, им реков дека не. Таму гледаш само половина час небо кога имаш прошетка. Четири месеци таму беа трагедија, тоа не се нормални услови. Затоа треба притворот во казната да се смета како бенифициран стаж-се пошегува Лукас.