Според обработените 99,80 од гласовите, Државната изборна комисија објави дека кандидатот на СДСМ и на ДУИ, Стево Пендаровски освоил 323.846 гласови, а, пак, Гордана Силјановска од ВМРО-ДПМНЕ 319.240 гласови.

Третиот кандидат Блерим Река освои 79.915 гласови и тие ќе бидат пресудни за конечниот победник на 5 мај.