Деведесет проценти од загадувањето со ПМ честички во Скопје доаѓа од загревањето на домаќинствата, а само 10 проценти од транспортот, покажуваат резултатите од тригодишното истражување спорведено од Инстражувачкиот центар за енергетика и одржлив развој при МАНУ.
Нешто поразличeн и поизденачен е соодносот на загадување со Азот диоксид, каде што транспортот учествува со 60 проценти.
Притоа, како што објаснува Д-р Александар Дединец, во овие бројки не е вклучено загадувањето што го предизвикува тешката индустрија, чиешто влијание ќе се испитува во наредниот период.
Во трите студии изготвени од Истражувачкиот центар, една за загадувањето предизвикано од домаќинстата, друго за загадувањето предизвикано од транспорт на ниво на Македонија и третото за загадувањето предизвикано од транспорт во Скопје, се предложени серија мерки за намалување на емиисијата на ПМ честички.
Како што истакнува Дединец, нивните проекции велат дека со истовремена имплементација на сите предложени мерки, до 2025 година емисијата на ПМ честички предизвикана од затоплувањето на домовите може да се намали и до 93 проценти, додека транспортот може да предизвикува 60 проценти помалку ПМ загадување.
Ваквата студија на МАНУ покажува дека борбата со загадувањето воопшто не е лесна ниту, пак, може да се добие со брзоплети и површни решенија. Особено не кога истражувањата спроведени од Европската агенција за животна средина за аерозагадувањето покажуваат дека Македонија се наоѓа на првото место во Европа во однос на концентрациите на ПМ10 и ПМ2,5 честички.
Извештајот на оваа европска агенција покажува и дека како последица од дишењето загаден воздух во Македонија умираат 3.000 луѓе што е голем процент споредено со вкупната популација во земјава и според кој сме први во Европа.
Тоа високо ниво на загадување е причина што одредени невладини организации најавија и тужби против државата за уништување на здравјето поради аерозагадувањето. Повод за тужбата, како што велат, е тоа што се сомневаат дека борбата со загадениот воздух е приоритет на Владата поради тоа што, според нив, средствата определени во буџетот за таа намена воопшто не се доволни за ефикасни резултати.
Comments are closed for this post.