По претходно добиени оперативни сознанија за поседување на поголема количина марихуана, во четвртокот на регионалниот пат Штип – Плачковица, кај с. Стар Караорман од страна на полициски службеници од СВР Штип бил запрен Б.С.(40) кој се движел со велосипед.
При извршениот преглед кај лицето пронајдени се две најлонски кеси во кои имало марихуана со вкупна тежина од околу 3 килограми и 8 рачно изработени цигари, рече на денешната прес конференција Гордана Панајотова, портпарол на СВР Штип.
Вчера пак извршен е претрес со судска наредба во домот и помошни простории на ул. Сремски Фронт во Штип каде Б.С. живее и пронајдени се повеќе најлонски вреќи со марихуанаа во вкупна тежина од околу 74 килограми и други предмети кои се фото и видео документирани и подигнати за вештачење. Четириесетгодишниот Б.С. е лишен од слобода и против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ казниво по чл.215 ст.1 од КЗ на РМ. Од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена, рече Панајотова.
Comments are closed for this post.