Првата сомнителна трансакција поврзана со случајот Рекет“ се случила есента 2017-та година, . Трансакцијата не била сомнителна само поради висината на префрлената сума од 750 илјади евра, објавува „Телма“.
Дополнително сомнеж предизвикале учесниците во трансакцијата, позната градежна фирма чиј сопственик е од Битола уплатил 750 илјади евра на сметка на повозрасна жена која живеела во центарот на Скопје. Жената била дел од структурите на Меѓунаордниот сојуз, хуманитарната организација основана само неколку месеци претходно од Бојан Јовановски-Боки 13, тврди „Телма“.
Кога парите легнале на сметката, банката согласно законските обврски за спречување на перење на пари ги алармирале надлежните финансиски истражни органи. Тие отвориле постапка. Бабата на чија сметка стигнале парите пак заминала во една експозитура откако во централата на банката најавила подигање на целата сума. Пред да ги подигне парите. Првин платила данок од 10 проценти – со што алармот стигнал и до УЈП. Кога жената отишла да го подигне кешот, носела торба, а вработените првин мислеле дека таа е дојдена да си ја подигне пензијата, но потоа сфатиле дека станува збор за огромна сума која веќе им била доставена. Веднаш по излегувањето бабата со торба пари се качила во автомобил и заминала.
Comments are closed for this post.