Реалноста е дека референдумот не успеа со што народот испрати јасна порака дека не го прифаќа Договорот со Грција. Затоа никој нема право и не смее да ја потценува таа волја на народот, истакна Претседателот, Ѓорѓе Иванов, во своето обраѓање по повод резултатиоте од референдумот.

Не е исполнет законскиот цензуз. Колку и да ја извртувате не можете да ја промените реалноста. Време е за одговороност пред македонскиот народ. Поддршката за ЕУ и НАТО е колатерална штета. Од над 80 отсто поддршка за членството на Македонија во ЕУ и НАТО, ја сведовте на само 36 отсто. Држава не се води со слободно и неовластено толкување на Уставот и законите – изави Иванов.

Во своето обраѓање, Иванов потенцира дека исходот од референдумот не значи оти македонскиот народ се откажува од меѓународните интеграции.

Јас верувам во историјата и амбицијата на македонскиот народ. Им честитам на македонскиот народ, на Албанците, на Турците, на Ромите… на сите граѓани. Само цврсто сплотени околу државните интереси може да го изодиме патот до ЕУ и НАТО. Немаме дилеми дека сме за таму, но достоинствени, без уцени и со исполенти стандарди. Да го изградиме националниот конзензус во оставрување на нашите стратешки интереси. Народот секогаш носел мудра одлука. Наше е да ја почитуваме таа одлука. Владеачкото мнозинство треба да понесе одговорност за неуспешноста на референдумот. Големина на човекот е да го признае поразот. Македонија остана непоразена – изјави Иванов.

 

Posted by Pressing TV on Monday, October 1, 2018