Во последните 24 часа од ковид-19 починале 20 лица, а во регистерот на умрени лица се запишани уште две лица. Сите починати, како што соопшти Министерството за здравство, имале претходни болести. Од направени 4.078 тестови регистрирани се 838 случаи на инфекција со вирусот, а од нив 118 лица по втор пат се заразиле со болеста. Нема податоци колку од заразените или починатите биле имунизирани на ковид-19 со најмалку две дози вакцина.

Министерството за здравство информира дека согласно податоците на Институтот за јавно здравје, нови позитивни случаи на ковид-19 се регистрирани во следните градови:

Скопје – 430, Велес – 52, Битола – 42, Куманово – 40, Тетово – 34, Прилеп – 33, Струмица – 23, Кавадарци – 22, Кичево – 19, Неготино – 17, Охрид – 16, Штип – 15, Гостивар – 14, Гевгелија и Ресен – по 12, Кочани – 10, Радовиш – 9, Струга – 8, Дебар – 7, Крива Паланка – 4, Делчево, Валандово, Виница и Демир Хисар – по 3, Богданци – 2, Свети Николе, Берово, Кратово, Крушево и Пехчево – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (838), регистрирани се 118 реинфекции.

Регистрирани сe 1.140 оздравени пациенти од: Скопје – 413, Битола – 98, Кавадарци – 97, Велес – 91, Тетово – 61, Гостивар – 49, Струмица – 43, Куманово и Кичево – по 41, Неготино – 38, Гевгелија – 29, Свети Николе – 25, Охрид – 19, Кочани – 15, Прилеп – 14, Штип и Крива Паланка – по 10, Демир Капија – 8, Ресен и Валандово – по 7, Виница – 6, Струга и Дебар – по 5, Богданци – 3, Делчево – 2, Демир Хисар, Крушево и Дојран – по 1.