Денеска сум исправен пред еден од најголемите предизвици во мојот живот, а тоа е да бидам да поддржан од мојата политичка партија. Партија во која што сум од дете, за кандидат за градоначалник, на градот Скопје.

Сакам да се заблагодарам најнапред на претседателот, Христијан Мицкоски, за цела поддршка, не само во овој процес за избор за кандидат за градоначалник, туку изминативе 4 години како градоначалник на Кисела Вода, јас често пати тоа го говорев дека најмногу се потпирам и најмногу помош имам токму од претседателот, Христијан Мицкоски. Верувам дека така и во перспектива, помошта ќе  биде насочена кон градот Скопје.

Апсолутно сум свесен во каква состојба се наоѓа градот Скопје. Апсолутно сум свесен за девастираноста на градов, за сивилото во кое што владее и во кое  што живееме сите скопјани. Но, исто така сум спремен по завршување на овие избори, повторно да го воскреснам Скопје, односно да конечно Скопје стане град за достоинствен  живот, за сите наши сограѓани.

Град без делби. Јас ќе останам достапен и близок до сите граѓани во градот Скопје. Не очекувајте од мене салонски политичар, затоа што и во мојата општина додека раководев изминативе 4 години, покажав дека сум се освен салонски политичар. Односно, дека сум човек којшто и многу често е во населените места, многу често е меѓу граѓаните и секогаш сум подготвен да ги ислушам нивните потреби и барања.

Така ќе биде и во градот Скопје, ве уверувам во тоа.

Ја барам поддршката од сите скопјани, без разлика на политичка припадност, без разлика на вера, без разлика на нација. За мене, постојат само скопјани кои што си го сакаат градот или не си го сакаат градот.

И токму затоа, ги повикувам сите да се приклучат во оваа наша заедничка мисија. Веќе од утре започнуваме со теренски посети, каде што ќе започнеме со процес на креирање на програмата со која што ќе настапиме на овие локални избори за градот Скопје.

И како што споменав, време е Скопје повторно да го вратиме на скопјани и да направиме, да изградиме заеднички град со кој што сите ние, но и генерациите после нас ќе се гордеат.