Годинава која почна ќе биде во знакот на избори, и наши и европски. Сѐ ќе застане на неколку месеци поради претседателските и парламентарните избори во Македонија, но и во ЕУ поради изборите во Европскиот парламент.
За застојот во економијата не се грижиме бидејќи економијата и онака е колабирана и без нови странски инвестиции а постоечките едвај живуркаат. Последното место по раст на БДП во регионот со години е резервирано за Македонија.
Изборната процедура ќе почне веќе на крајот на овој месец кога треба да биде изласана техничката владата.Т.н „Пржинска влада“ е наследство од СДСМ кога по секоја цена сакаше да влезе во власта без избори.ВМРО-ДПМНЕ од позиција на опозиција предлагаше таа да се укине но СДСМ одби поради „бесата“ што им ја даде на ДУИ последните сто дена премиерот да биде Албанец.Така и ќе биде и до изборите премиер ќе биде Талат Џафери.
Поранешниот командат на УЧК ќе биде премиер најмалку до јуни, односно до формирањето на новата Влада.Последните анкети покажуваат речиси двојно водство на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ.
Слична е состојбата и за претседателските избори.Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ кој ќе се избере на втори март се очекува да има најмалкку 150.000 предност пред најверојатниот избор на СДСМ Стево Пендаровски.
Во однос на европските избори немаме никакви очекувања.Македонија и онака нема да добие датум за преговори поради неразумните барања од Бугарија и удоволувањата од страна на ЕУ. За нас ЕУ сигурно нема да побара Радев да излезе да испие кафе додека се носи одлуката за почеток на преговорите.
Comments are closed for this post.