„Сите од служба, конкретно од седници, веднаш кај мене, сите позади што седат сите до еден, вие што сте на плата и уште си е..те мајка овде. Што бараш бе ти овде, ајде бегај таму, бегај, излези!!!.
Со вакви погрдни зборови спикерот на Собранието Tалат Џафери вчера им се обрати на службениците.
Јавноста со право прашува дали ќе има одоговорност?
Аудио снимката е објавена на социјалните мрежи и во медиумите.
Дел од коментарите на граѓаните за оваа недолична постапка на спикерот се: „Вака утре од дома ќе почнат да ве бркаат, кај да е“. -„Да се знае кој е крал на државата“-„ Од која планина е слезен што се дере така и ги брка луѓето, на овој му требаат сто овци не да седи во фотелја,маме и расплакаа на Македонија.“- „Ужас, ужас“…
„Скандалозен и примитивен е односот на Талат Џафери, пцовките и навредите за вработените се недозволиви, оставка веднаш! Кога крими коалицијата СДСМ и ДУИ нема аргументи, деспотот од Форино станува нервозен, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Фрапирани сме од примитивизмот на Талат Џафери, кој ја извршува должноста претседател на собранието, кој мислејќи дека камерите се исклучени ги вреѓа и со најпогрдни пцовки малтретира вработените во собранието.
Односот на Џафери е и слика како се однесува оваа власт на СДСМ и ДУИ со вработените во институциите и народот воопшто. Тие вработени кои Џафери ги пцуе се нечии синови, ќерки, мајки, татковци, сопружници.
Талат Џафери е пример за примитивизам и политичар кој треба да биде минато. Ова не смее никогаш повеќе да се повтори.
Оваа аудио снимка од која се слуша примитивизмот на Џафери е доказ зошто СДСМ и ДУИ мора да заминат во опозиција и зошто мора да има предвремени парламентарни избори час поскоро“ – порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ
Comments are closed for this post.