На денешната седница на Комисијата за надворешна политика 15 дипломати, идни македонски амбасадори, ќе ги претстават своите платформи за дипломатските активности во државите каде ќе отпатуваат. Во дел од нив Македонија немаше амбасадори дури и по две – три години, пишува Слободен печат.
Во Кралството Данска, амбасадор ќе биде Фатон Бејта, во Катар ќе отпатува Шабан Јашари, во Албанија Данчо Марковски. Платформата со своите дипломатските активности во Казахстан ќе ги претстави и Сали Лимани. Во столчето на македонскта амбасада во соседно Косово ќе седне Шпреса Јусуфи. Марија Ефремова ќе биде амбасадор во Ватикан. Во Република Чешка во амбасадата во Прага, ќе отпатува Сашко Тодоровски. Во Јапонија ќе не претставува Горан Цеков. Во Србија, во македонската амбасада во Белград ќе не претставува, Васко Грков. Во Австралија, во амбасадата во Камбера ќе отпатаува Билјана Стефановска Сековска, а во Кралството Холандија нова амбасадорка ќе биде Бети Јачева. Во Република Естонија амбасадор ќе биде Драган Јордановски.
Своите платформи за дипломатските активности во Организацијата на обединетите нации ќе ги претстави Теута Агаи-Демјаха. Ополномоштен амбасадор и постојан претставник при Советот на Европа на Македонија во Стразбур ќе биде Светлана Гелева и Дане Талески ќе биде ополномоштен амбамсадор и Шеф на Мисијата при НАТО со седиште во Брисел.
Comments are closed for this post.