Добредојдовте во 2015 година, ова се петте минути со Чавез снимани пред 10 години. Емисијата ја чувавме по стари компјутери. Како да знаевме дека ќе ни се најде. Да се е исто, само њега нема, уствари се појави и тој, бизнисменот од Дубаи. А тука е и неговата екипа од СДСМ, демек повторно ќе пукале бомби..Во 2025 Тик так так так…

Зоран Заев го прекина одморот во Дубаи за да кажува шегички на Фејсбук.Во стилот на итрецот од Македонски приказни ја нарекува државата Македонија. Демек Македонија била полноправна членка на НАТО. Да си пукнеш. Откако беше црпнат од нивата во Муртино да го смеми името, сега државата не ја нарекува Северна туку само Македонија. Oткако со рачето на срце и блажена насмевка кој стигна му честитаа дека конечно најдоа некој што ќе им ја заврши работата, почнаа да паѓаат и тие. На сите им отпеа.

 

Да, уапсена е пријателката на Заев, Федерика Могерини. Се сеќавате која беше таа. Оваа италијанска плавуша направила корупција од шестотини илјади евра како ректор на некој Универзитет во Брисел кој си правел алаш вериш тендер со оние од ЕУ. Е таа истата Могерини беше чест гостин во тогашна Македонија и му правеше притисок на поранешниот претседател Иванов да му даде мандат на Заев да формира иако не победи на изборите. Откако Заев доби мандат и го смени името, Могерини беше гарантот од ЕУ дека владата на Заев брзо ќе ги почне преговорите за членство. Море не да ги почне, туку и дека Северната на Заев и Димитров ќе стане членка на ЕУ. Па ене ја каде заврши. Ајде па да си исчекаме и за Хан, Ципрас и за домашниве петоколонаши. Да има правда, да има мир, коментира авторот на колумната.

Како стигнува Заев од толку бизниси да дели совети и во СДСМ. Мислел Заев. ,мислел, а многу е по мислењето, и му текнало. Венко бе, ќе пукаме бомби. Ќе пукаме бе Зоки. Венко и онака е тука не за политика тука за да пази на оние од судството и обвинителството што ги имат под контрола да не искочи нешто за нив.

Зоки и Венко со цел памет мислат дека ова е 2015, 2016 години па ќе пукаат некакви бомби, оп едно Пржино и ете ги на власт. Им ги нема сега ни шарените, им снема кеш,а тие без кеш не работат како професионални демонтранти. Филипче ќе ја викал Лаура Ковеши да ја испита корупцијата во Македонија. Знаете која е Лаура Ковеши-другарката на Катица Јанева. Штом Катица и е другарка можете да замислите колку доверба влева оваа Романка. Откако ја избркаа од нејзината земја ја прибраа оние од Брисел да биде европска обвинителка. Леле што си бевме големото друштво, Лаура, Катица, Федерика,, Зоки и Венко. Све мој до мојега.

На кое дереџе не донесоа Заев и Филипче во односите со соседите најдобро опиша премиерот Мицкоски во говорот на конгресот на ВМРО-ДПМНЕ. Тој повтори дека не му паѓа на памет да ги снесе Бугарите во Устав додека нема сериозни гаранции од оние од ЕУ и почитување на правата на нашинците во Пиринска Македонија.

Ништо поарен не е ни лидерот на ДУИ Али Ахмети. Ете тој пред конгресот на ДУИ кој може ќе му биде проштален, среде Скопје ќе организира протест на ветераните на УЧК. Се прашувате каква врска има УЧК со Македонија-никаква. Но, што да прави Али пред пензија, за економија не може да збори, па си вика ај да пробам со национализам, тоа може ќе пали кај неговите во Зајас и Мала Речица.

Eте пред некое време откри споменик на Скендербер во кичевско. Јас пак мислев ќе ја отвори новата фабрика за електрични возила за која ископаа дупка. Баш ми се возеше автомобил мејд ин Тетово.

Знаете која ќе биде главната тема на митингот во Скопје, поддршка за водачот на УЧК Хашим Тачи кому му се суди во Специјалниот суд за Косово во Хаг за воени злосторства. Значи лидерот на огранокот на УЧК во Македонија-наречен ОНА ќе даде поддршка за главниот газда. Прекрасно, тоа се тие европски вредности, komeнтира авторот.