„Она што мене ми по привлече вниманието е несихронизираните пораки кои ги испраќа Венко Филипче и СДСМ. Дефинитивно треба Филипче да посети некој ПР курс ако не можат неговите да му помогнат во однос на тоа. Едноставно во фокус не беа шестте столбови кои евентуално би биле реални одговори и решенија на проблемите на граѓаните. Јавноста нема увид кои се тие шест столбови и кој е бенефитот од нив за државата“, вели политичкиот аналитичар, Милан Стефановски за вчерашниот партиски конгрес новата програмска платформа на СДСМ.
Според него, Филипче е насочен само кон критика на ВМРО-ДПМНЕ во делот на надворешната политика или поконкретно за прашањето со Бугарија.
-Но, за тоа треба да се има човечки и професионален интегритет. Едноставно социјалдемократијата треба да има друг фокус. Се поставува прашањето со што е претседателот на СДСМ задолжен во Софија за да ги остави идеолошките и граѓанските коцепти на СДСМ на страна. Конгресот можеби бил со работни содржини за кои јавноста не е запознаена заради тоа што Венко и СДСМ го обликуваат јавниот дискурс со македонско-бугарските односи, порачува Стефановски во разговор за „Локално“.







Comments are closed for this post.