Откако Андреј Жерновски од СДСМ упати прашање до Владата: „Во која земја, по Бугарија, има најмногу бугарски државјани во владата?“, политичкиот аналитичар, Милан Стефановски оценува дека прашањето треба да е редоследно и пологично.
-Во која држава на земјината топка лидерите на политичките партии и премиерите имаат свои сметки и бизниси во соседните земји? И, истите се заложници на тајните служби на соседните земји токму заради тоа.
Имаат вили и јахти во соседството. Примаат милиони во црни актовки. Им се ветуваа банки и бизниси на премиери на туѓи држави. И, кои лидери на земји продаваа свето уставно име и даваа ќерки за тешки милиони? – анализира тој за КУРИР.
Потсети дека менуваа знаме, име и Устав.
-И, дали е свесен Загатнувачот дека седи на маса со најголемите предавници на Македонија? п.с За овие прашање нема потреба од награда. Наградата е веќе доделена преку многу кеш на странски сметки на Блискиот исток, вели Стефановски.







Comments are closed for this post.