СДСM молчи на пратенички прашања за Груби, хистеријата и стравот од одговорност ги направи заложници на криминалот.Ниту едно пратеничко прашање од страна на СДС кон членовите на Владата за Артан Груби. А толку беа гласни изминативе три дена со измислување на 10-тина тези, за кои народот секако не им поверува, потсети на вчерашните случувања Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Но вистината, почитувани, полека но сигурно излегува на површина.Стравот од можните искази на Артан Груби за криминалите на поранешната власт на СДС и ДУИ очигледно го притисна паник тастерот во Бихаќка.
Дури и потпретседателката на СДС, Јованка Тренчевска, отиде чекор понатаму, посочувајќи дека за еден од случаите во кои се сомничи Груби за сторен криминал, кривични пријави треба да добијат и неговите колеги од тогашната влада.
Толку многу ли знае Груби што некои поранешни функционери би биле подготвени да се жртвуваат? Дали паник тастерот во СДС го притисна кланот Заеви? Дали стравот кај Вице и Зоран Заев навистина толку е голем, па затоа СДС со Филипче на чело застана во одбрана? Затоа ли Спасовски, Филипче и Зечевиќ делуваат видно вознемирени?
За криминалот, на крајот, има само еден одговор, а тоа е правдата.







Comments are closed for this post.