СДСМ да одговори, дали еден и пол милион евра од аферата „Рекет“ завршиле кај нивниот нов ПР шеф Башановиќ? праша денеска ВМРО-ДПМНЕ.
Куќниот пријател на Заев и негов личен советник, Зоран Башановиќ, кој сега е шеф на центарот за лаги и манипулации на СДС, според извори од неговата матична држава, се вели дека еден и пол милион евра од аферата „Рекет“ завршиле токму кај него.
Српските медиуми, освен Заев, го поврзуваа и Башановиќ како еден од учесниците во аферата „Рекет“, а како што се вели во еден српски портал, во снимен инкриминирачки разговор, Башановиќ вели дека сега е време се да се наплати, и дека конечно е дојдено времето да биде полн како брод.

Кој е Зоран Башановиќ

Башановиќ е еден од најконтроверзните ликови во српската политичка и естрадна сцена во Србија. Тој поранешен менаџер на Драгана Мирковиќ со која беше верен. Откако таа го остави тој влета во медиумскиот бизнис и ја купи телевизијата „Наша Балкан тв“ која ја затвори и дојде во Македонија каде се врза со Зоран Заев на кој му беше советник за 1500 евра месечен хонорар, пишуваше српски „Курир“.







Comments are closed for this post.