Деновиве е актуелен филмот Жикина династија. Еден дел од овој серијал се викаше каков дедо таков внук. Ако во СДСМ би се снимал филм на оваа тема би се викал каков лидер таква портпаролка. Главни ликови би биле Зоран Заев и Богданка Кузеска, споредната улога би ја играл еден доктор од Дубаи. Да ги излечи овие двајцава, коментира авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“.
Се сеќавате на изјавата на Заев пред десет години кога рече дека за СДСМ најголеми непријатели се медиумите и наброја неколку кои известуваа дека сака да дојде на власт со помош на шарените и дека на избори ќе загуби што и се случи. Мислевме дека веќе на никој на Бихаќка нема да му текне да етикетира медиуми и да се кара со нив. Ама ете се најде. Името и е Богданка Кузеска и е портпаролка на СДСМ, Јака функција, да си портпарол на четвртата партија во Македонија.Ние да се кандидираме на избори ќе имаме повеќе гласови од СДСМ. Е таа Богданка, поранешен независен новинар ,се дрзна како нејзиниот идол од Муртино да се кара со медиуми и новинари затоа што не известуваат како што сака таа и што со факти им покажуваат дека лажат. Еве на пример на Богданка не и се допаѓа тоа што објавивме дека СДСМ лаже дека во Македонија ќе дојдат мигранти од Велика Британија и оти ќе се градат кампови. Богданка им верува на таблоиди како дејли Мејл.

Исто како на пример во Србија ваква вест да објави Скандал или Свет и сите да ја пренесат. Богданка се жали дека не сме посветувале доволно внимание на СДСМ, уште бара и да и се извиниме. Еве и се извинуваме за што сме напишале дека лажат а испаднало дека ја говориме вистината. Извинете и што не се викаме Бриф, миф, Рацин, Фронтјалн….
Извинете и што Република беше на црната листа на чествувањето на роденденот на Гоце Делчев пред неколку години. Бевме опаасни по безбедноста на тогашната влада. Извинете и зa се што допрва ќе пишуваме за вас… Назад ви е зимата.
По паметот на Богданка е тргнат и Венко Филипче. И тој е многу загрижен за мигрантите, море и избори ќе барал ако треба. Тој не може да најде екипа околу него на избори ќе одел. Уште и вика дека во партијата постоел висок степен на политичка свест. Работава е сите со свест, само Филипче луд до бесвест.
Веста дека во Македонија ќе се носат мигранти беше демантирана како од британските власти така и од амбасадата на Британија во Скопје, ама не, Богданка се повикува на британските медиуми, а мери колку вести имала Република за мигрантите.
Море ај што мери туку има и графикони
Богданке, место да ти цртаат графикони и да мафташ со листови, прашај си ги Зоки и Филипче колку тужби и закани имаа против Република кога курчот им беше на најако. И колку години опозиција тоа ги чинеше. Не за џабе се вели дека паметниот учи од своите грешки а мудриот од туѓите. Но вие не сте ни од паметните ни од мудрите, туку од оние третите.

Еве ако во СДСМ се толку убедени дека во Македонија ќе дојдат мигранти нека ја подджат во Собрание резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ против манипулациите на оваа тема. Ама па тогаш што ќе збори Богданка и уште еден лик што се појавува на прес конфернции, не му го знам името од што е познат.
УЧК УЧК
Не ова не е Приштина или Тирана. Ова е центарот на Скопје каде се протестираше за поддршка на УЧК која е родена на Косово а ни ја донесе војната и во Македонија преку локални експозитури како ОНА. Лидер на ОНА беше никој друг туку Али Ахмети, кој среде Шкуп, како што тој го нарекува Скопје организираше протест за водачите на УЧК Хашим Тачи и Кадри Весели на кои им се суди во Хашкиот суд за воени злосторства. Да за воени злосторства над Србите на Косово. Еве Хашим Тачи е посочуван во извештаи дека раководел со т.н Жолта куча.Таа е онаа озогласена куќа на југот на Албанија каде се ваделе органи на Срби а Тачи наводно бил координатор. Секој орган си имал различна цена-срце и зачуван црн дроб од некој што не пие алхохол оделе најдбро. И за таквите момчиња Али Ахмети вика дека се невини и оти УЧК се бореле за слобода.

Големата игра е Тачи да биде ослободен од Хаг, иако тоа е малку веројатно дека ќе се случи и потоа да биде поставен за премиер на Косово бидејќи Албин Курти веќе никој не го игра. Ах Али Али, не си ти крив, туку оние што не те пратија кај другар ти Хашим во Хаг. Којзнае зошто им требаш и какви игри се во прашање.
На протестот во Скопје организаторите ги истакнаа сите можни знамиња, како што е редот. Имаше знаме на Албанија, на Америка, на ЕУ, НАТО, дури и македонско. Недостасуваше само косовското .Каква е оваа дискриминација и непочитување на родната земја на УЧК. Тукуу ова македонското знаме по грешка да не беше ставено, или пак да не е подметнато како што на Цеца во Велес и го подметнаа бугарското.
Чарлиевиот ангел Катица Јанева излзе на слобода, условна условна кој ти дава. На слобода веќе подолго време е и Бојан Јовановски кој снима песни, емисии, а стана и жири во емисија за таленти. Друштвото од Рекет е комплетно. Шоуто мора да продолжи, на барање на гледачите.
Oва беше прв чавез што наместо пет минути траеше дури седум Богданке земи тефтерчето да забележиш.







Comments are closed for this post.