За оние што не им беше јасно. Сега јасно ви е зошто судстото и обвинителството имаат два посто доверба,. И тоа им е многу. Бегалецот Артан Груби ни еден ден не одлежа во Шутка, Ама барем си остана на зборот. Рече дека ќе се врати и се врати. Кој можеше да поверува дека тоа утро во декември 2024 година кога со дипломатско возило замина од Блаце да заврши некоја работа на Косово дека нема да се врати, коментира авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“
Не е Артан таков. И ете од каде што дојде се врати. Груби очигледно се спремал што прво треба да направи кога ќе го приведуваат, а тоа е да го стави шалчето на лисиците. У реду е Артан, не приметивме дека имаше лисици. Прво што Груби направил кога влеезе во Шутка се пожалил на затворските служби дека се чуствува небезбедно. Душа таа обесправена. Еве за да биде безбеден Обвинителстовото побара, а Кривичниот суд експресно прифати тој да замине во домашен притвор. Гарант во Шутка немало фудбалчиња и кошеви какви што имаше тој во неговото министерство и на кои играше со неговите другарчиња од партија.
Нормално е Артан да не се чуствува безбеден во Шутка. Затвор е тоа. Не е Химаре во Албанија каде уживал. Не се чуствуваа безбедно ни сите оние кои заглавија таму поради судиите кои беа инсталирани од ДУИ сиве овие години.

Еве нека се присети Артан дека поради него многу луѓе не се чустуваа безбедно, меѓу кои и јас. Во 2011 година кога Артан беше обичен водач на „Шверцерите“ и кадар на холандската амбасада маваше со камења кон новинарите затоа што се прочу муабет дека на Кале ќе се гради црква. Артан уште од тогаш имаше разбирање за меѓуетничките односи.

Kога ќе ми текне колкав му беше курчот на Груби додека беше во власт со СДСМ и треба да му биде страв некој не да не му направи нешто во притвор. Кога леташе орли по телевизии и нас ни беше страв. Затоа сега ќе има доволно време да размисли како со другар му Прпарим од Лотарија направија приватна фирма на ДУИ. Може и ќе му се јави и тој да се предаде. Лабаво е…не се иде во притвор. Кога може Артим Шутка да ја замени со Чаир, зошто да не може Прпарим. Со овие од два посто се е можно.
Туку да го прашам тој обвинителот Даниел, чинам беше, зошто му одреди домашен притвор на Груби, зошто го мачиш можеше и да го пуштиш на слобода. Ама земен му бил пасошот, бре бре голема работа, па тој и кога бегаше преку Блаце не го употреби пасошот. Убаво извикуваа фановите на Груби кога го испраќаа дома О КИНГ. О ШЕФЕ

Нови ветришта дуваат од Брисел. Она што досега делуваше како невозмошна мисија а тоа е некоја од земјите од регионот да стане во скоро време членка на ЕУ сега делува возможно. Но, немојте да мислите дека тоа го прават од љубов кон Македонија, Албанија, Црна Гора, Србија. Немаат тие емоции кон никого ниту пак срам ни перде. Се работи за чист интерес. Во моментов интерес на Европската Унија е Украина да биде примена бидејќи е дупка без дно и оти мора да биде внатре за да има колкава толкав контрола врз корупцијата во Киев. Затоа ЕУ, за да не биде критикувана дека преку ред ја прима Украина која е во војна и без дел од територијата, сака да се испере барам малку и рамислува да ги прими Македонија, која е вечен кандидат и Албанија и Црна Гора кои реално најмногу напредуваа во преговорите, како втора лига членки. Ќе влеземе во ЕУ но ќе немаме право на вето, на глас,, на комесар.Ќе немаме ништо, но ќе бидеме на масата, наместо на менито.
Во превод за иста цена, а тоа се уставните измени да прифатиме послаба награда, а тоа е какво-такво членство во ЕУ. Тоа е, кој можеше пред четири години да претпостави дека од мирот на војната Украина-Русија ќе зависи нашето членство во ЕУ







Comments are closed for this post.