Црногорскиот пејач Сергеј Четковиќ има посебна поврзаност со скопската публика. Тој вечерва имаше прекрасен концерт во Македонската филхармонија, полн со емоции и љубов. Уште од првата песна фановите ги пееја неговите балади по кои е најпознат. Во публиката поголемиот број беа дами, а Сергеј им возвраќаше со насмевки и селфи за спомен. Куфер“ , „25 час“, „Погледи во темнината“, Доаѓам“, се хитовите кои допираат во секоја душа.

50 годишниот Црногорец облечен елегантно во црна комбинација оддаде почит за Мипо Ковач со „Остала си увек иста“ а се потсетивме и на Кемал Монтено и Дино Дворник. Музиката на Сергеј која мириса на море и медитерански ноти очигледно допира до македонската публика па затоа неговите настапи се секогаш посетени. Настанот го организираше „Евентум“.








Comments are closed for this post.