Министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ објави дека е уапсен маж (33) за кого постои сомневање дека фрлил бомба врз куќата на Здравко Чолиќ.

Дачиќ изјави дека припадници на Министерството за внатрешни работи, Полициската управа во Белград, Управата за криминалистичка полиција, во соработка со Вишото јавно обвинителство во Белград и Безбедносната и информатичка агенција, уапсиле едно лице поради постоење основи на сомнение дека сторило кривично дело недозволено производство, поседување, носење и тргување со оружје и експлозивни материи и предизвикување општа опасност во соизвршување, додека се бара уште едно лице.

„Припадници на Министерството за внатрешни работи, ПУ за градот Белград, Управата за криминалистичка полиција, во соработка со Вишото јавно обвинителство во Белград и Безбедносната и информатичка агенција, го уапсија С. М. (1993), поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело недозволено производство, поседување, носење и тргување со оружје и експлозивни материи и предизвикување општа опасност во соизвршување.

Постојат основи на сомнение дека С. М. и уште едно барано лице, на 3 февруари годинава околу 4:52 часот наутро, дошле во семејниот дом на жртвата во Дедиња, каде што активирале и фрлиле рачна граната во дворот, предизвикувајќи материјална штета.