Во книгата „Ќе бидам тука за тебе: Приказна за пријателите“ на авторката Кејси Милер, обожавателите на серијата ќе ја дознаат болната вистина зошто снимањето нови епизоди никогаш не било во план.

Повеќе од десет години се зборува дека ќе продолжиме да снимаме. Но сите сме одлучни дека тоа нема да се случи, пишува Милер во својата книга околу тоа што изјавила сценаристката на „Пријатели“ Марта Кауфман.

Секојдневно ме прашуваат, но повеќе не ме возбудува. Ги разбирам луѓето, но мора и тие да не сфатат нас. Едноставно не можеме да го вратиме тоа време. Животот продолжува понатаму. Да бидеме искрени, продолженијата на вакви серии обично се бе врска, истакнува Кауфман.

Дејвид Швимер кој го глуми Рос Гелер потполно се согласува со сценариската на „Пријатели“.

„Не сакам да ве видам на патерици, се нашали Дејвид.

Неговата изјава ги фрли во вода сите надежи дека продолжение на серијата ќе има, но не за долго. По анкетата која ја спроведе магазинот Пипл, мнозинството се изјанило дека со задоволство би гледале „Пријатели“ во нов аранжман.

Креирана од Марта Кауфман и Дејвид Крејн „Пријатели“ се емитуваше на NBC каналот точно 10 години

Милер во својата книга објаснува зошто луѓето и понатаму се жедни за серијата која имаше десет продолженија, а која се емитуваше од 1994-2004.

Ликовите во серијата успеаа да ги надминат сите промени многу лесно. Многумина кои растеа поистоветуваа со нив, затоа луѓето и толку се поврзани со оваа серија. Исто така, во периодот на созревање, многу од нас стекнуваат пријатели за цел живот, па во многу ситуации и се поистоветуваат.