Саша Мирковиќ, сопственикот и директор на „Хајп продукција и телевизија“ и менацер на Аца Лукас и Марија Шерифовиќ е опериран по физичка пресметка со менаџерот Велибор Поповиќ пред хотел во Загреб. Поради повредите што ги здоби, Мирковиќ мораше да биде опериран.

 

Тоа беше обид за убиство од страна на Велибор Поповиќ Поп. Ме нападна одзади во Загреб. Не можам да зборувам во моментов, ме носат во клиниката Ребро на снимање – рече Саша Мирковиќ за Курир.рс