Последниот жив член на семејството на познатиот американски гангстер Ал Капоне , реши да открие некои тајни од неговото минато.
Деирдре Капоне , правнука на Ал Капоне денеска има 79 години. За британските медиуми раскажа дека Ал Kапоне бил подвргнат на експериментално лекување од сифилис во затворот Алкатраз во близина на Сан Франциско. Третманот бил со вбризгување на жива , поради што Ал Капоне имал нарушено ментално здравје.
Ал, кој бил брат на нејзиниот дедо Ралф, не бил во состојба да открие каде се наоѓа неговото скриено богатство од 100 милиони долари.
Деирдре верува дека богатството е скриено во сеф на Куба или во некој од подземните сефови на имотите што ги поседувал гангстерот на повеќе места низ САД.
Деирдре имала само седум години кога Ал починал, а само 10 години кога го изгубила нејзиниот дедо, кој,тврди, бил убиен затоа што пишувал книга за неговиот брат. Таа рече дека морала да порасне во сенката на неговото презиме.
Се сеќава дека не ја поканувале како дете на роденденски забави, и тврди дека ја отпуштила од нејзиното прво работно место во осигурителна компанија кога имала 17 години токму поради нејзиниот славен дедо.
Ал Капонe беше шеф на банда што се збогати со незаконска дистрибуција на алкохол за време на прохибицијата во Америка, а исто така водеше бордели и казина. Се проценува дека заработил 105 милиони долари и дека го скрил своето огромно богатство пред да биде затворен во Алкатраз.
Comments are closed for this post.