Поларниот бран го окова американскиот Среден запад во мраз и предизвика смрт кај најмалку 21 лице. Студеното време воедно ја сопре работата на поштенската служба, училиштата и дел од претпријатијата а се откажуваат и авионски летови.

Најниската температура во четвртокот била измерена во Котон и Минесота, минус 48 степени целзиусови.

Сепак се чини дека некои жители на Минесота против студеното време се борат со хумор па на студениот воздух оставиле неколку пара фармерки кои потполно се заледиле. Една девојка снимила и видео во кое фармерките ги фрла во воздух, во неколкуте секудни додека слетаа на снегот беа потполно замрзнати.