Началник на општината на западот од Франција со уредба пропиша граѓаните дека треба да „бидат весели“ една цела седмица во октомври во време на локален фестивал на кој е забрането читање книги и приказни со несреќен рај и слушање тажна музика.
Фреди Рифо, непартиски началник на општината Есар ан Бокаж со 9 илјади жители, одлуката ја објави во сжужбеното градско гласило со кој од 5 до 11 октомври се одржува првиот музички фествал „Радосен град“.
Со одлуката од 13 септември „се забранува емотивна музика која би можела да депримира или тажни, филмови, приказни или книги кои немаат среќен крај“. Жителите се повикани да „произведат ендорфин, хормон на среќата, така што ќе се смејат најмалку три пати на ден“.
Фреди Рифо кој половина од своето работо време работи во информатичккиот сектор, објасни дека во земјата „има премногу тмурно расположение“, а неговата уредба е придонес на настојувањето да се „разбуди духот на радоста“ во комерцијалните активности и жителите на неговата општина.
Comments are closed for this post.