Најбогатата Србинка Сандра Мелниченко се прослави во популарната српска група Моделс во 90-тите години, а денес живее во Русија со сопругот, милијардерот Андреј Мелничекo и нивните две деца, а ретко се појавува во јавноста.
Сандра Мелниченко беше една од членките на српската група Моделс. Таа се откажа од успешната музичка кариера откако го запозна рускиот мултимилијардер Андреј Мелниченко, со кој е во брак 17 години и сега живее затскриено.
Кристина Агилера и Енрике Иглесијас им пееле на раскошната венчавка, а за церемонијата наводно платиле неверојатни три милиони долари.
Но, најбогатата Србинка вешто ги крие деталите од приватниот живот, нема ни профили на социјалните мрежи, а нејзините фотографии само неколку пати се појавија на профилите на нејзините пријатели, меѓу кои и хрватската пејачка Нина Бадриќ.
Нив ги поврзува блиско пријателство, а Нина гостуваше и во јатата на Сандра, која е меѓу најголемите во светот и вреди 400 милиони долари, а која деновиве беше конфискувана поради руската инвазија на Украина.
Кој е Андреј Мелниченко
Андреј Мелниченко е руски милијардер. Има 49 години и е Тој е основач на производителот на ѓубрива EuroChem Group и компанијата за јаглен СУЕК. Тој е мнозински сопственик на Комерцијалното поморско пристаниште Мурманск. Неговото богатство се проценува на десетина милијарди долари.
Comments are closed for this post.