Топ моделот Бела Хадид ја отвори летната сезона со жешка фотосесија за костими за капање за шпански „Вог“, а кадри од неа сподели и на својот профил на Инстаграм.

Бела и сестра и Џиџи Хадид се меѓу најбараните модели заради нивните интересни црти – татко им е од Израел, а мајка им од Холандија.

Дваесетидвегодишната убавица има вајано тело, што го одржува со диета богата со протеини, корисни масти и многу зеленчук, но најголемо искушение и пицата на која и посветува еден ден во месецот.

Бела редовно минува два часа дневно во фитнес сала, исполенети со многу силни и интензивни вежби.