Билјана Невајда Шевиќ беше едно од најубавите лица во седумдесеттите. Нејзе и беа посветени најубавите стихови на легендарната Рибља чорба како што е „Кукла од насловната страна“. Таа беше една од најбараните манекенки во седумдесеттите, инспирираше дел од креациите за Кристијан Диор.

Бора за прв пат ја видел  Билјана во Сплит и веднаш се вљубиле.Врската траела шест месеци, а Билјана за медиумите откри дека никогаш целосно не му верувала на Бори, па решила да го напушти. Во тој момент се заљубила во друг, па ги оставила и Бора и Белград.

Се преселила во Сараево и нејзиниот живот тргнал во друга насока, се омажила и добила дете.

Бора и напиша три песни од кои најпозната е „Остани ѓубре до крај“.