Овен
Ова е период на размена на идеи, но и награди. Имајте на ум дека Меркур е ретрограден уште три дена, па потрудете се да одложете донесување на некои важни одлуки дотогаш. Инспирација ќе најдете во саканите луѓе, некој би можел да ви пробуди нова перспектива или начин на размислување.
Бик
Времето е одлично за решавање на проблемите поврзани со парите или саканата личност. Имате одличен увид во вашиот љубовен живот, но внимавајте како комуницирате со саканата личност. За некои Бикови пристигнуваат добри вести овој викенд.
Близнаци
Вашата визија се шири бидејќи ќе имате контакт со многу луѓе овој период, а вашата искреност доаѓа до израз. Викендот ви носи пријатни луѓе во вашиот живот, а за некои Близнаци добро би дошло и кратко патување. Што и да правите, потрудете се да не се докажувате.
Рак
Ќе бидете продуктивни на полето на работата и здравјето. Во однос на вашиот љубовен живот, подготвени сте да се фокусирате на мирот и хармонијата. Веќе не сакате да се натпреварувате, туку да воспоставите хармонија. Ќе барате мир во семејниот живот, работата или секојдневните задачи, што на крај ќе ви донесе среќа.
Лав
Вие чекате некои работи поврзани со професионалниот живот да се финализираат, но викендот за Лавовите е добар и за друштвен живот, романса и уживање во домот. Ѕвездите посочуваат дека зрачите со позитивна енергија па сето тоа ќе ви доаѓа природно. Подготвени сте да ги изразите своите чувства и идеи со леснотија.
Девица
Ова е добар момент за ослободување од минатото и подобро разбирање на вашите чувства и наклонетост. Харизматични сте и шармантни, а оптимистичниот став ќе ви помогне да го добиете тоа што го сакате. Иако можеби работите на преиспитување на вашиот друштвен живот, овој викенд е идеален за разбирање и ставање крај на некои работи од минатото.
Вага
Ова се денови кога ќе воспоставите значајни врски и ќе ги водите разговорите во позитивна насока. Веројатно ќе привлечете некоја личност на креативен или романтичен начин. Ќе успеете и да им понудите поддршка на своите блиски и ќе уживате во длабоките и интелектуални разговори.
Шкорпија
Луѓето ќе ви веруваат, ќе ги ценат вашите квалитети и ќе уживаат во вашето друштво. Она за што ќе донесете одлука може да треба подоцна да биде ревидирано бидејќи Меркур е ретрограден. Можно е да посакате некому да изразите љубов или некоја личност повторно да се врати во вашиот живот.
Стрелец
Наместо да ги затворате очите пред својата ранливост, пробајте да ги идентификувате своите несигурности и да ги споделите со некоја вам посебна личност. Храбри сте и мотивирани и некои луѓе учат од вас иако не сте свесни за тоа. Овој викенд ќе бидете во контакт со нежната страна на вашата природа.
Јарец
Иако некои ствари посакувате да ги чувате за себе, ова се одлични денови за да се зближите со другите луѓе и да уживате во опуштениот пристап. Енергијата е одлична за изразување на чувствата, градење блискост и доверба. Отворете се некому, пробајте да бидете искрени.
Водолија
Ѕвездите советуваат да набљудувате, а да не носите заклучоци. Ова е период кога можно е да дојде до напредок за многу Водолии на полето на романсата и комуникациите. Ова е вистинско време за да сфатите дека другарството е поважно од тоа да сте во право. Време е за градење на односите преку прифаќање и уважување.
Риби
Во силна позиција сте да ги учите работите, ќе зборувате за плановите за иднината или пак ќе планирате некои долгорочни цели. Сепак, со оглед на тоа дека Меркур е ретрограден, почекајте со некои важни одлуки. Постои можност да дојдете до занимливи информации на лесен и лежерен начин
Comments are closed for this post.