Кинескиот врвен пијанист Хају Жанг во петок во Камерната сала на Македонската Филхармонија во 20 часот, ќе одржи рецитал на кој ќе изведе дела од Бетовен, Шопен, Дебиси и Равел.

„Хају Жанг заедно со оркестарот на Македонската филхармонија и маестро Јерухам Шаровски од Израел зад диригентсиот пулт, гостуваше како солист на големата турнеја на нашиот оркестар во Кина, која се реализираше во декември минатата година, кога ги освои срцата на кинеската публика“, соопшти Филхармонија.