Во видеото кое трае 20 минути стихови од Ацо Шопов читаат актерите на Народниот театар-Штип Ангелка Нашкова, Милорад Ангелов и Марија Минчева. Вклучени се и музичари кои изведуваат песни со стихови од Ацо Шопов од проектот „Младите пеат за Шопов“ од 2004 во копродукција со ОУК „Дом на млади“ Штип, а учествуваат Кире Денов – вокал и бас, Горан Кавраков – саксофон, Филип Стевановски – клавијатура, Филип Крстевски – тапани, Александар Бошков – гитара. Сценариото е на Трајче Кацаров – уметнички раководител , графика и дизајн Ристе Мицевски, режисер и монатажа на Никола Ристов, камер е Игор Митев. Музика на Горан Трајков, Кире Денов и Ангел Шијаков.
Добитници на признанието „Во чест на поетот”, кое секоја година го доделува Центарот за култура „Ацо Шопов” – Штип се издавачката куќа „Матица” и поетот, литературен критичар и антологичар Раде Силјан.
Директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов”, Горан Трајков вели дека годинава запазувајќи ги мерките се одлучиле манифестацијата наместо во живо да ја снимаат и да ја споделат на социјалните мрежи.
Манифестацијата „Во чест на поетот”, со изменета содржина се организира од 1985 година, само три години по смртта на поетскиот великан Ацо Шопов. Центарот за култура „Ацо Шопов” од пред неколку години одлучи да доделува признание на институции и поединци, кои дале свој придонес во афирмацијата и популаризацијата на ликот и делото на Ацо Шопов, вели Трајков.
Comments are closed for this post.