Џејк Орта, педесет и шест годишен ветеран, за живот заработува, така што копа низ ѓубрето на соседите-милијардери во Сан Франциско.
По повеќе од 12 години стаж во Армијата на САД, Орта станал бездомник, а сега собира ѓубре.
Правосмукалка, фен за коса и кафемат, сите во функционална состојба, како и еден куп на облека, се само дел од предметите кој ги земал од кантата за ѓубре од шефот на Фејсбук Марк Цукерберг.
Орта, кој сега живее во државен социјален стан, како собирач на отпад со полно работно време, е дел од сивата економија во Сан Франциско.
Собирачите на отпад се карактеристика на американскиот капитализам, пишува (The New York Times) и истовремено слика од секојдневниот живот во Сан Франциско, каде што живеат едни од најбогатите луѓе во светот, но истовремено, на неколку чекори од нив, живеат и собирачите на отпад.
Јас сум само фасциниран од она што луѓето го фрлаат. Никогаш не знаеш што може да се најде, нови панталони од познати дизајнери, нови најк патики и многу други корисни работи, раскажува Орта.
Неговата цел е да препродава и да заработи на дневна основа помеѓу 30 и 40 долари. Сепак, омилената работа што неодамна ја нашол во ѓубрето, но никогаш не ја продал е колекција на весници од целиот свет од времето на Втората светска војна
Инаку, собирањето отпад од кантите е нелегална во Калифорнија, бидејќи, според локалниот закон, содржината на корпата за ѓубре, откако тие се депонирани на улица, припаѓаат на компанија за собирање на ѓубрето. Меѓутоа, во пракса, овој закон многу ретко се применува.
Comments are closed for this post.