Маж во последен миг успеа да ја спаси од сигурна смрт својата жена. Мажот покажа дека има неверојатен рефлекс и поради тоа стана херој на денот.

На интернет се појави видео на кое може да се види како еден автомобил со полна брзина за малку ќе удреше во двојка која опуштено шета на улица.

Мажот кога забележува дека автомобил со голема брзина им се приближува и ќе удри во нив во последен миг ја зграби и ја тргна на страна со што и го спаси животот.

Автомобилот по само неколку стотинки на неколку метри од нив се забил во ѕид, а двојката падна на тротоарот. Но, за среќа мажот и жената не биле повредени.