Делницата Загреб-Лутовац кај Нова Градишка на која нашиот загина Тоше Проески беше кобна и за уште неколку звезди од поранешните југословенски простори.

Тука загина и хрватската актерка Долорес Ламбаша а босанскиот актер Емир Хаџихафизбеговиќ кој го знаеме по улогата во серијата „Луд збунет нормален“ усмрти жена.

Пред неколку години на оваа делница за малку остана жива и босанската пејачка Ханка Палдум. Таа раскажа дека само господ ја спасил да не загине на лице место.

Не знам што е со тој пат но тоа не е нормално.Видов знак крст и кога подобро ќе размислам мислам дека тоа беше знак од небо-раскажа пејачката.